„Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата ‘Козле’ да преземат мерки за докторите што направиле превид“.
Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање за смртта на 14-месечното бебе, кое почина на Детската клиника од бронхопневмонија, Таравари повика на трпеливост.
– Верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да имам предрасуди, сепак очекувам од нив да има некаква одговорност – изјави министерот.
Како што рече, тој не е судија и според неговите ингеренции како министер, ангажирал компетентна комисија, а извештајот е испратен до клиниките и се чека на директорите да постапат.