More

    Цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што едно четиричлено семејство заштедило од 690 до 1.360 денари

    spot_img

    Цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што едно четиричлено семејство заштедило од 690 до 1.360 денари, покажува првичната анализа на Министерството за економија, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши коментирајќи ги резултатите од владината мерка за ограничување на маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи.

    – Кај некои производи намалувањето на цените е помало или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал) – рече Дурмиши на трибината: Платформа -100% посветени на тебе на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација”.

    Тој  очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите.

    – Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец – рече Дурмиши.

    Тој оддаде дека оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.

    Дурмиши потсети дека владата донесе и одлука и за замрзнување на маржите за училишниот прибор.

    – Со тоа им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img