Цигарите Родео, Вест, Жаде, Давидоф… на „Империјал тобако“ од вчера се поскапи за 10 денари. Трговците очекуваат поскапување и на цигарите произведени од другите тутунски компании.
Владата очекува во државната каса да се слеат 13 милиони евра од акцизите на тутунските производи.
Новите цени на цигарите се утврдуваат според според Законот за акцизи кој предвидува усогласување на македонската стапка на акцизи да се усогласи со европската минимална стапка на акциза. Така до 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите годишно се зголемуваше за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година, но почнувајќи од јануари годинава од кога стапија на сила измените на законот за акциза, стапката на минималната и специфичната акциза се зголемува за 0,23 денари по парче секој јануари.
Еве колку се зголемуваат специфичната и минималната стапка на акцизите за тутунските производи според последните измени на Законот за акцизи од 2023 година:
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари, секоја година.
Акцизата за пурите на 1 јануари 2024 година е зголемена за 4,00 денари, но од јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза за пури се зголемува за дополнитлени 2,00 денари по парче на 1 јануари секоја година.
Специфичната акциза на цигарилоси годинава се зголеми за 2,00 денари, а од следаната година 2030 година, износот на специфичната акциза за цигарилоси се зголемува за уште 1,00 денар по парче на 1 јануари секоја година.
Износот на специфичната акциза за тутун за пушење како фино сецкан тутун, тутун за пушење како друг тутун за пушење, тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за шмркање и тутун за џвакање се зголемува за 150 денари по килограм нето тежина на 1 јануари секоја година.
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година.
Заклучно со 1 јануари 2030 година износот на акциза на течноста наменета за полнење електронска цигара се зголеми за 0,20 денари по милилитар волумен на 1 јануари секоја година.
Актуелните износи на акцизите за тутунските производи изнесуваат:
- акцизата на цигари изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија,
- акцизата на пури изнесува 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена,
- акцизата на цигарилоси изнесува 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена. (3) Акцизата на тутун за пушење како фино сецкан тутун изнесува 2.300 денари по килограм нето – тежина и 0% од малопродажната цена,
- акцизата на тутун за пушење како друг тутун за пушење за водено луле (тутун за наргиле) изнесува 2.300 денари по килограм нето – тежина и 0% од малопродажната цена,
- акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање изнесува 2.300 денари по килограм нето – тежина и 0% од малопродажната цена,
- акцизата на несогорлив тутунски производ изнесува 4.000 денари по килограм нето – тежина на тутунска смеса и 0% од малопродажната цена и
- акцизата на течност наменета за полнење електронска цигара изнесува 3 денари за милилитар волумен.