More

    Легендарниот тенисер им призна на фановите: Ми извадија циста со големина на грејпфрут од вратот

    spot_img

    Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (43) откри дека неодамна и била отстранета циста со големина на грејпфрут од вратот.

    Сопственичката на 23 грен слем титули во видео на социјалната мрежа Тик Ток објасни дека во мај открила грутка на десната страна на вратот и дека со магнетна резонанца било утврдено дека е бенигна.

    Цистата на најмладата сестра Вилијамс не била отстранета веднаш откако ја открила, туку дури откако пораснала.

    „Открив голема маса на вратот и се згрозив. Направив неколку тестови и се беше негативно. На крајот морав да ја отстранам цистата, беше со големина на грејпфрут. Но, се успеа и многу сум среќна што се справив со прекрасни лекари“, изјави Американката.

    „Сè уште се опоравувам, но се подобрувам. Здравјето е на прво место“, објави Вилијамс.

    Серена Вилијамс ја освои својата прва Грен слем титула на УС Опен во 1999 година, а последната во 2017 година на Австралија Опен, кој го освои седум пати. Таа исто така освои седум Вимблдони, шест УС Опен и три Ролан Гаро.

    Вкупно, таа освои 73 турнири во кариерата и помина дури 319 недели на врвот на ВТА ранг-листата, вклучувајќи 186 недели по ред.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img