More

    Застрашувачки сцени од невремето во Италија

    spot_img

    Италијанската провинција Савона денеска беше погодена од поплави по обилните врнежи, а некои патишта беа затворени, јавуваат италијанските медиуми.

    Најтешко е погодена областа Албенга, а на неколку места се излеа реката Бормида, јави италијанската национална ТВ РАИ.

    Во повеќе градови се поплавени подруми и патишта, а поради невремето во прекин е и железничкиот сообраќај на делот од железничката линија меѓу градовите Вентимиља и Џенова.

    Невремето предизвика многу проблеми и во областа Савона, каде исто така постои можност за прекин на железничкиот сообраќај.

    Метеоролозите и за утре го продолжија жолтиот аларм, најавувајќи грмежи за северозападните крајбрежни места, како и за централните и јужните делови.

    Сепак, за провинцијата Лигурија е издадено портокалово метео предупредување, додека во провинцијата Ла Специја утре ќе бидат затворени училиштата поради очекуваното невреме.

    Поради приближувањето на поларниот циклон од северниот дел на Атлантикот, метеоролозите најавија значителен пад на температурата во поголемиот дел од Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img