Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет, дознава Курир.
Судскиот совет претходно едногласно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев.
Образложението поради кое се одлучуваше зад затворени врати е поради заштита на неговиот углед и интегритет. Подносител на барањето за утврдување одговорност од судијата Нанев е претседалката на Судскиот совет, Весна Дамева.
Одговорност од Лазар Нанев се бараше бидејќи тој остварил 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел. Комисијата на известители на Судскиот совет на седница расправаше и ги изнесе доказите во врска со барањето за утврдување одговорност на Нанев за несовесно и нестручно вршење на функцијата.