More

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за финансирање на Здружението Албанска академија на науките и уметностите

    spot_img

    Постои една Академија на науките и уметностите и тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, на Владата и на академиците од различни етнички заедници, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера во Тетово беше објавено дека четири општини, со кои раководат кадри од коалицијата Вреди ќе го финансираат работењето на Здружението на граѓани – Албанска академија на науките и уметностите.

    Мицкоски не очекува ваквиот потег на Вреди да влијае негативно на владината коалиција.

    – Нашиот став е принципиелен и тоа го кажав во многу наврати во минатото дека етнички и национали теми не се мој приоритет – рече Мицкоски.

    Тој вели дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за општински буџет од кој ќе се одвојат средства за оваа намена.

    – Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации. Повеќе би сакал да видам да се трошат за инфраструктурни проекти, да креираме услови за младите да се вратат назад и тоа се темите за кои јас сакам разговарам. Теми коишто поларизираат или етнизираат не се теми во кои јас сакам да бидам соговорник. Претпоставувам тоа се дел од опозициските партии во Парламентот коишто ќе го зголемат или намалат својот рејтинг ако се разговара на оваа тема. Жалам што избираат вакви теми за политички поени, но како претседател на Владата останувам посветен да работам за доброто на граѓаните без разлика на етничката припадност – подвлече Мицкоски.

    Околу ова прашање денеска се огласија и од ДУИ.

    – Како ДУИ не се согласуваме со овој принцип на функционирање. Албанската академија пропагирана како национално ниво стана една невладина организација и ние не сме дел од такви проекти. Во оние општини каде функционираат партиите на Вреди сме опозиција, не сме дел од владејачкото мнозинство – изјави денеска Фатон Ахмети од ДУИ.

    Вчера во Тетово, градоначалниците на Тетово, Гостивар, Чаир и на Желино имаа средба со претставници на ова здружение и најавија дека ќе го финансираат неговото работење.

    Вреди: МАНУ не ги отвора вратите за Албанците, а се проблематизира основање на Албанската академија

    Албанската академија е исклучиво научен проект, кој има за цел да ја унапреди академската мисла. Бидејќи aлбанските интелектуалци систематски се дискриминирани во МАНУ, тие немаат простор каде да делуваат. Поради тоа, ние бевме принудени да создадеме платформа која ќе овозможи развој на научната мисла, реагира коалицијата Вреди.

    „Додека МАНУ покажува инертност за реформи и одбива да ја прифати сегашната фактичка состојба, албанските интелектуалци се принудени да создадат платформа која нема да работи според политички или етнички критериуми, туку само врз основа на науката. Во 21 век, неприфатливо е да има противење на научните трудови и на унапредување на знаењето. Апелираме до сите политички партии наместо да критикуваат, да се охрабарат и да дадат поддршка за оваа иницијатива, за преку инклузивна дебата да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови. Како Вреди, не можеме да ја прифатиме логиката на двојна негација, каде што МАНУ не ги отвора целосно вратите за Албанците, а истовремено се проблематизира основање на Албанската академија“, се додава во реакцијата од Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img