Словачкиот премиер, Роберт Фицо, изјави денеска дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, јавија светските агенции, повикувајќи се на словачките медиуми.
Фицо го изјави ова пред заминувањето на самитот на Европската Унија каде што претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го претстави својот „План за победа“ во војната против Русија.
– На среден рок, веројатноста војната во Украина да заврши е голема. Утре очекувам некакво навестување бидејќи одеднаш се појави темата за поканата на Украина за НАТО – изјави словачкиот премиер пред парламентарната комисија во Братислава.