Одмаздата на Израел за масовниот ракетен напад на Иран на 1 октомври е подготвена, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ова прашање, без да даде дополнителни детали.
CNN побара коментар до Министерството за одбрана на Израел. Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, ги уверија САД дека контранападот против Иран ќе биде ограничен на воени цели, а не на нафта или нуклеарни постројки, рече изворот.
Иран лансираше бројни проектили кон Израел како одмазда за атентатот на лидерот на Хезболах Хасан Насрала, политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије и други.
По овој масовен ирански напад, Нетанјаху вети дека Иран ќе „плати“ за нападот.