More

    Бислимовски го правда Јакимовски за одложената грејна сезона во училиштата во Карпош

    spot_img

    Времето во Скопје е пријатно, па индивидуалните потрошувачи кои имаат калориметри, може да заштедат на сметката за парно, ако не сакаат да се греат, додека реално не им стане студено, е коментарот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за одлуката на општина Карпош училиштата да се греат од 1 ноември.

    – Онаму каде што има калориметри, не во згради, туку во индивидуални куќи, тој сопственик може да каже, јас сега ќе бидам исклучен, па ќе се вклучам кога ќе ми биде поладно. Во насока и на ова го гледам тоа што го направиле во Општина Карпош. Тоа е одлука на самиот потрошувач. Како тоа ќе биде, во Скопје реално, температурите се поволни и релативно високи, и нема да има проблем – рече Бислимоски.

    Според него, факт е дека сите општини во Градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени сметки за топлинска енергија и токму за оваа категорија на потрошувачи во февруари еднаш цената беше намалена за 35% за топлинска енергија, а во јули уште дополнителни 20%, со цел да ги растоварат училиштата и градинките од високите сметки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img