Македонски државјанин кој издржува петгодишна затворска казна регрутирал членови и предводел терористичка група поврзана со познатата група Исламска држава(ИД). Австриската полиција во Сент Полен ја разби групата предводена од 20-годишник, јавуваат австриските медиуми.
Тој во 2023 ја поддржал ИД преку графити што ги цртал близу главната железничка станица во градот.
Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин.
Австриските власти најавија дека продолжува истрагата.
Во август годинава, полицијата во Виена го приведе 19-годишниот Беран Алији, со македонски корени кој планираше исламистички терористички напад за време на концертите на американската пејачка Тејлор Свифт.
Алији ѝ призна на полицијата дека сакал да убие повеќе луѓе„ со бомби, со автомобил и со ножеви во името на ИСИС“.