Томас Тухел, поранешниот тренер на Челзи и Баерн Минхен, потпиша договор и стана нов селектор на Англија, потврдија на официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Германецот, кој е без работа откако го напушти Баерн ова лето, ќе стане постојан наследник на Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024 во јули.
Тухел (51) го предводеше Челзи до успехот во Лигата на шампионите во 2021 година, но беше отпуштен следната година.
Тој ќе биде првиот тренер од неанглиско потекло што ќе ја преземе функцијата по отказот на Фабио Капело во 2012 година, а само трет севкупно, по Италијанецот и Швеѓанецот Свен-Горан Ериксон.
Тухел ќе го преземе кормилото на Горди Албион на почетокот на 2025 година.