More

    Студентите и учениците кога користат стипендија, надоместок или друг тип кредит не плаќаат  надоместок за платежната сметка со основни функции

    spot_img

    Студентите и учениците кога користат стипендија, надоместок или друг тип кредит не плаќаат  надоместок за платежната сметка со основни функции. Законот за платежни услуги и платни системи,  исто така не предвидува надоместоци за платежна сметка со основни функции за корисниците на одредени социјални права: заштита, детски додаток, или, пак, надоместок на штета, за неможност за извршување работа, спреченост на работа и слично.

    – Она по што платежната сметка со основни функции се разликува од обичната платежна сметка е ограничувањето на надоместокот којшто граѓаните го плаќаат за оваа сметка. Имено, со Законот, граѓаните можат да ја користат платежната сметка со основни функции со надоместок најмногу до 40 денари, колку што во моментов изнесува подвижниот просек од месечните нето-плати во нашата земја во висина 0,1 процентен поен – вели Биљана Доновска-Гечева, заменик-директорка на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, во интервју за емисијата „Само прашај” на Институтот за комуникациски студии.

    Платежната сметка со основни функции, меѓутоа не се разликува од обичната платежна сметка.

    -Она по што платежната сметка со основни функции е иста со обичната платежна сметка е што на оваа платежна сметка граѓаните може да внесуваат парични средства, да ги повлекуваат, може да извршуваат платежни трансакции, да плаќаат комунални услуги, но и да ги користат своите дебитни картички за плаќање на физичките места на продажба, или, пак, на интернет – вели Доновска-Гечева.

    Со платежната сметка со основни функции не може да се користи дозволено пречекорување или т.н. одење во минус, што значи дека за да можат граѓаните да ја користат платежната сметка со основни функции, мора да поседуваат сопствени средства.

    -Платежната сметка со основни функции им овозможува на граѓаните, во рамките на надоместокот на месечното одржување, да извршуваат неограничен број платежни трансакции, односно внесување или повлекување готовина на шалтерите на банките, или, пак, на мрежата на нивните банкомати. Но, исто така, можат и да извршуваат неограничен број плаќања со картичките, или, пак, да извршуваат минимум 5 т.н. плаќања, односно кредитни трансфери кај истата банка, доколку плаќањето е во корист на примачот, без разлика дали се работи за физичко или правно лице кај истата банка -вели Доновска-Гечева.

    Таа нагласи и дека за да се има платежна сметка со основни функции, граѓанинот не може да поседува платежна сметка со основни функции во друга банка, или, пак, кај истата банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img