Транснационална организација за фалсификување на висококвалитетни француски вина, од кои би можеле да заработат повеќе од 2 милионa евра, е разбиена со операција спроведена во соработка со Италија, соопшти денеска француското правосудство.
Измамата се состоела од печатење лажни етикети, поточно со ознака „гранд крус“ (голем гроздобер) на шишиња со обично вино, се наведува во соопштението на јавното обвинителство во Дижон.
Французин од Дижон е осомничен за перење пари и организирана измама, а руски државјанин, осомничен дека е шеф на мрежата, наскоро треба да биде сослушан со цел да се покрене обвинение, додаде обвинителството.
Маж од руска националност, 40 години и веќе осуден за слични кривични дела под друг идентитет, е осомничен дека „дозволил формирање транснационална организација за фалсификување вино со висока вредност, а поединечните шишиња вино се проценуваат на повеќе од 15.000 евра на меѓународниот пазар“, се наведува во соопштението.
Апсењето на споменатиот Русин е извршено во соработка со италијанските власти на аеродромот во Милано.
Уапсените, Французин и Русин, најверојатно ќе одговараат за заговор, фалсификување, измама, организиран криминал и перење пари.
Акцијата, врз основа на соработката на италијанските печатачи за производство на фалсификувани етикети, доведе до заплена на стока во вкупна вредност од околу 2 милиона евра.