Клои Кардашијан ги пополнила своите образи, кои останале вдлабнати поради операцијата за отстранување на туморот пред две години, пишува „Пејџ сикс“. Клои имала рак на кожата и морала да чека речиси една година за да оди на операција за да се поправат дупчињата на нејзиното лице.
Ријалити ѕвездата Клои Кардашиан сподели фотографии од своето лице на Инстаграм, на коишто може да се види како таа изгледала пред и по вбризгувањето на филерите. Таа се одлучила за филери поради вдлабнатината на лицето која ѝ се појавила по направената операција за отстранување на ракот на кожата, односно меланомот.
Khloé Kardashian admits to getting cheek filler after having tumor removed from her face View: https://t.co/ewHbcfh99w pic.twitter.com/hH1yznqTSf
— RONDON (@MenorRondon) October 14, 2024
Споделувајќи ги деталите со своите следбеници, Клои на својот профил на Инстаграм напиша: „Чекав девет месеци по операцијата да се справам со вдлабнатината на лицето. Меѓутоа, не се жалам, бидејќи повеќе сакам да имам вдлабнатина на лицето отколку меланом“, вели Клои.
Клои за првпат проговори за својот проблем во 2022 година кога објасни дека прво забележала мала грутка на лицето која не исчезнала и по седум месеци поради што одлучила да направи биопсија.
Клои исто така им порача на своите следбеници да одат на редовни лекарски прегледи за да не дојдат во иста ситуација како нејзината.
„Никогаш не размислував за тоа дека би можела да дојдам во ситуација да имам рак на кожата“, напиша Клои на Инстаграм во 2023 година. Исто така таа тогаш рече дека е среќна што навреме се обратила кај лекарот.
Инаку, Клои мала проблеми и порано, кога имала само 19 години, на грбот ѝ била откриена малигна бенка, па ѝ извадиле дури осум сантиметри кожа.