БОЛНИЦАТА „КОЗЛЕ“ ТВРДИ ДЕКА НЕ Е ВИНОВНА ЗА СМРТТА НА 14-МЕСЕЧНОТО БЕБЕ Нема пропусти, постапено е според медицинските протоколи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете, се вели во соопштението од оваа јавна здравствена установа.

14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНАЛО ОД БРОНХОПНЕВМОНИЈА Објавен е детален извештај за здравствената состојба на бебето

„Стручниот колегиум одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги презеле и ги реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката“, се вели во соопштението.

Детската клиника „Козле“, како и целата јавност, го очекува мислењето на Етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе преземе понатамошни соодветни чекори.

Реакцијата на Клиниката уследи откако министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека Стручниот надзор на Министерството за здравство констатирал сериозни пропусти во работењето на Клиниката за детски болести и на Клиниката за белодробни заболувања „Козле“, поврзани со смртта на едно 14-месечното бебе.

ИМАЛО И ПРЕВИД И ПРОПУСТИ ПОРАДИ КОИ ПОЧИНА 14-МЕСЕЧНОТО БЕБЕ Детската клиника морала да го хоспитализира, во „Козле“ направиле лоша проценка

Share This Article