More

    Компанијата ЈМЕВ веќе мерка плацови во Сремска Митровица

    spot_img

    Кинескиот производител на електрични автомобили ЈМЕВ, размислува за изградба на фабрика во Србија, а Сремска Митровица е една од потенцијалните локации за оваа инвестиција.

    Како што објавија српските медиуми, претставници на компанијата веќе се сретнале со градоначалникот на Сремска Митровица Бранислав Недимовиќ со кого разговарале за можностите за инвестирање во овој град.

    Делегацијата на компанијата ја посетила и зоната во Сремска Митровица, со цел да се запознае повеќе со потенцијалот за идни инвестиции.

    Во наредните месеци се очекува продолжување на преговорите и понатамошен развој на проектот.

    Компанијата JMEV е фокусирана на развој и производство на електрични автомобили и е основана во 2015 година како подружница на Kwoon Chung Holdings. Таа беше реорганизирана како заедничко вложување во јули 2019 година, откако француски „Рено“ се здоби со мнозински удел.

    Од 2023 година, неговата кумулативна продажба на електрични возила надмина 100.000.

    Првата фабрика за производство на електрични автомобили во Србија е во Крагуевац и е инвестиција на Фиат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img