More

    Српскиот вицепремиер Вулин удри по ЕУ

    spot_img

    „Кога Хрватска влезе во ЕУ, Србија можеше да ѝ стави пречка на патот. Можевме да поставиме услови поврзани со српското малцинство (во Хрватска), вели српскиот вицепремиер Александар Вулин во интервју за германскиот весник „Берлинер цајтунг“ во пресрет на самитот во Берлинскиот процес, пренесува Дојче веле.

    – Србија не го направи тоа. Србија, поради можноста за пристапување, не ги следеше барањата на српското малцинство во Хрватска. Ни вратија со тоа што Хрватска формираше коалициска влада без учество на Србите и без нивна поддршка. А, Европската Унија молчи – вели Вулин.

    Српскиот политичар смета дека „ЕУ има проблем со кредибилитетот“, дека луѓето на чело на Унијата „не се искрени за проширувањето“ и нагласува дека „единаесет години чекаме ЕУ да го исполни своето ветување и обезбеди нормални услови за живот на српските заедници во Косово“.

    – Само кажете: не ве сакаме. Зошто постојано ни поставувате услови што не можеме да ги исполниме – вели Вулин и додава: „Ние ја гледаме ЕУ како партнер, но не сме сосема сигурни дека ЕУ нè гледа како партнер“.

    На прашањето дали може да замисли влез во ЕУ под услов Србија да ја признае независноста на Косово, Вулин нагласува дека тоа е „апсолутно неприфатливо“ за Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img