More

    Србија се изборила за Коридорот 10 наспроти форсирањето на Брисел за Коридорот 8

    spot_img

    Сите излези од земјите од Западниот Балкан ќе одат низ Србија. Ќе бидеме централната земја низ која минуваат брзите пруги и само преку нас, Западниот Балкан ќе може да излезе кон Европа, рече српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ, во дебата на ТВ Курир, посветена на посетата на турскиот претседател Реџеп Ердоган на Белград.

    Тој нагласи дека Србија успеала да се избори со обидите на Брисел да промовира други решенија за железничко поврзување кон Европа и кон Азија, меѓу кои и тоа за пругата која треба да ја пресече Македонија и да ги поврзе Јадранското и Јонското Море во Албанија со Црното Море во Бугарија.

    – Железницата е геополитика, а со ова сите излези од Западниот Балкан ќе одат преку Србија. И тоа што е важно е што ние успеавме да се избориме да се изгради Коридорот 10, бидејќи ЕУ во еден момент почна да го форсира коридорот преку Романија, кој за нас е конкурентен, па и оној Коридор 8 кој води попречно, од Албанија преку Македонија до Бугарија – рече Весиќ.

    Според него, единствениот железнички коридор кој би ја поврзувал Европа со Азија ќе минува низ Србија, односно преку Ниш.

    – За ова е заинтересирана и Турција. Тие имаат пруга до Басра во Ирак и сега преку Азербејџан градат пруга кон Кина. Но, пругата кон Кина не им вреди ако не се поврзат со Виена, Прага, а тоа може да го направат преку Ниш, односно само преку Србија. Затоа се важни односите на Вучиќ со Ердоган бидејќи на Турција не ѝ паѓа на памет за кој било коридор освен преку Србија. Се договоривме да потпишеме декларација меѓу четири земји – Унгарија, Србија, Бугарија и Турција за заеднички да влеземе во овој проект за изградба на тој крак од брзата пруга. Тие веќе ја градат пругата од Истанбул до Бугарија, низ Бугарија веќе има пруга од 160 километри на час и останува да се поврзе со Драгоман на српско-бугарската граница. Ние треба да решиме што ќе правиме со делницата од Ниш до Драгоман. Тоа значи дека таа брза пруга ќе нѐ поврзе со Кина и со Ирак, што за нас е важно – објасни Весиќ.

    Тој најави дека ќе биде потпишана и заедничка декларација со Унгарија, Македонија и со Грција за кракот од Коридорот 10 кој води кон Атина. Тоа ќе бидат 1.521 километар брза пруга со кои Србија ќе обезбеди одлична геостратегиска позиција, излез на Босфор, излез и на пристаништата во Солун и во Пиреја преку пругата до Атина.

    – Во понеделникот (07.10.2024) бев со премиерот Вучевиќ во Северна Македонија. Се договоривме со нивниот премиер заеднички да влеземе во проектот за изградба на брза пруга од Брестовац до Скопје. Тоа се 135 километри во Србија и уште 50 километри во Македонија. Сега заеднички ќе бараме средства за тоа. Така што, нашата идеја е да ја поврземе таа брза пруга со Скопје. Грците веќа ја проектираат својата брза пруга од Солун до македонската граница, согласно договорот на Вучиќ со грчкиот премиер Мицотакис од февруари годинава. Тие веќе ја реконструираат пругата од Солун до Атина. Така што, останува да се заврши тој дел од Скопје до Грција и ќе имаме комплетна брза пруга од Будимпешта до Атина. Тоа значи дека Србија ќе биде ‘рбетот на железничкиот сообраќај на Западен Балкан и целиот Западен Балкан ќе излегува преку Унгарија кон Европа – додаде Весиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img