More

    Американската пејачка Оливија Родриго неодамна настапи во Мелбурн, Австралија, а на концертот ѝ се случила непријатна ситуација кога паднала во дупка на средината на бината

    spot_img

    Американската пејачка Оливија Родриго неодамна настапи во Мелбурн, Австралија, а на концертот ѝ се случила непријатна ситуација кога паднала во дупка на средината на бината. Додека трчала на сцената за да ги поздрави обожавателите, таа се упатила кон средината на бината и паднала во дупката која се наоѓала среде сцената, што се користи за брзо доаѓање и заминување од истата.

     

    Меѓутоа, таа брзо се снашла и станала, па извикала: „О, Боже, тоа беше забавно. Добро сум“ и така смирила обожавателите, а видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи и собра 2,2 милиони прегледи и бројни коментари.

    „Мене да ми се случеше ова, ќе останев во дупката и ќе плачев“, „Таков бизарен момент“, „Елегантно се извлече“, „Добро го поднесе тоа“, „За среќа, добро е“, „Ова изгледаше болно, ѝ посакувам брзо закрепнување“ и „Можеше сериозно да се повреди“, се дел од коментарите на обожавателите.

    Да потсетиме, Оливија на почетокот на оваа година исто така доживеа несреќа на сцената кога ѝ пукна горниот дел среде настапот во Лондон, а видеото од непријатниот момент набрзо се прошири на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img