More

    Левица бара породилното за земјоделките да се уреди со закон

    spot_img

    Власта заеднички да донесе законски измени за платено породилно отсуство на жените – земјоделки, апелира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

    – За состојбата во руралните средини говори фактот дека дури 62% од населените места во Македонија имаат помалку од 100 жители, што кажува дека не денес, туку вчера требаше да се започне со системско решавање за депопулацијата во руралните средини – потенцираше Мојсоска на јавната расправа за родова инклузија на руралната жена по повод Меѓународниот ден на руралната жена.

    Мојсоска потсети дека претходната влада не го стави на пленарна седница предлог – законот од Левица во интерес на земјоделките.

    – Наместо тоа, се донесе импровизирано решение од Програма за социјална поддршка, која ја донесува Министерството за земјоделие – рече Мојсоска.

    Во 2023 година, додаде таа само 2 земјоделки поднеле барање за остварување на правото на породилно отсуство.

    – Тие 2 барања не биле разгледани до моментот на вршење на ревизијата. Тоа, исто, укажува дека условите за користење на поддршка од програмата се дискриминаторски. Јас сметам дека правото на платено породилно отсуство е законска материја и тоа не смее да зависи од дискреционото право на некој министер да донесе програма. Јас апелирам и се надевам дека нема да заврши уште еден мандат без жените земјоделки да добијат законско решение за платено породилно отсуство, а Левица е подготвена повторно да поднесе предлог-закон, со апел актуелната власт да го поддржи – рече Мојсоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img