Запленети се повеќе од 70 милиони евра имот на двајца руски олигарси во Франција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Запленети се повеќе од 70 милиони евра имот на двајца руски олигарси во Франција
Судот на југот на Франција заплени имот вреден повеќе од 70 милиони евра во сопственост на двајца бизнисмени со руско потекло како дел од истрагата за сомневање за перење пари, дознава агенцијата Франс прес од извор близок до случајот.

Ова претходно го објави францускиот весник Монд.

Прелиминарната истрага отворена во март на иницијатива на истражниот оддел во Париз заврши во септември со конфискација на имот од 22,5 хектари во Грас и луксузни вили во Сан Рафаел и Гримо, изјави истиот извор.

Истрагата утврдила силно сомнение за прикривање на потеклото на средствата користени за набавка на таа стока, вели изворот.

Share This Article