More

    Израелски министер распали по Обединетите Нации

    spot_img

    Членот на израелската влада Ели Коен денеска ги нарече ОН „бескорисна сила“, коментирајќи ги неодамнешните наводи на мисијата УНИФИЛ дека израелски тенкови насилно влегле во мировна база во Либан.

    „Обединетите Нации се пропадната организација, а УНИФИЛ е бескорисна сила која не успеа да ја спроведе резолуцијата 1701, не успеа да го спречи Хезболах да се етаблира во јужен Либан“, пишува Коен.

    Резолуцијата 1701, усвоена по војната меѓу Израел и Хезболах во Либан во 2006 година, бараше демилитаризирана зона, повлекување на израелската армија и разоружување на Хезболах, меѓу другите услови, што не се случи целосно.

    Случајот со УНИФИЛ предизвика многу реакции низ светот.

    Европската унија ги осуди нападите врз УНИФИЛ како сериозно кршење на меѓународното право. Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел изрази сериозна загриженост поради неодамнешната ескалација на тензиите долж Сината линијата што ги разграничува Израел и Либан и ги осуди сите напади врз мисиите на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img