More

    Европската Унија го осуди Израел

    spot_img

    Европската унија (ЕУ) изразува сериозна загриженост поради неодамнешната ескалација на тензиите долж Сината линија, што ги разграничува Израел и Либан, и ги осудува сите напади врз мисиите на ОН, посочи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

    Тој потенцира дека ЕУ изразува „особено голема загриженост“ во врска со нападите на израелските сили врз припадници на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), при кои беа повредени неколкумина мировници.

    – Ваквите напади врз мировниците на ОН претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и се целосно неприфатливи. Овие напади мора веднаш да престанат – порача Борел.

    Тој порача дека сите страни во конфликтот имаат обврска да ги преземат неопходните мерки за да се осигура безбедноста на персоналот и имотот на ОН и да се почитува неповредливоста на објектите на Светската организација.

    – Итно чекаме објаснувања и темелна истрага од израелските власти за нападите врз УНИФИЛ кој игра фундаментална улога во стабилноста на јужен Либан. Ги повикуваме сите страни целосно да ги исполнат своите обврски за да ја гарантираат безбедноста на персоналот на УНИФИЛ во секое време и да ѝ дозволат на Мисијата да продолжи да го спроведува својот мандат – додаде Борел.

    Тој оцени дека војниците и останатиот персонал на УНИФИЛ, меѓу кои има и граѓани од 16 земји членки на ЕУ, работат во тешки услови за „одбрана на меѓународниот мир и безбедност“ и затоа ЕУ им оддава почит за нивниот професионализам и ја афирмира својата непоколеблива поддршка за улогата на Мисијата.

    – Ние сме и длабоко загрижени од континуираното лансирање ракети од страна на Хезболах кон Израел, кое мора да престане, и од нападите на израелските сили врз густо населените области на Либан кои предизвикуваат голем број цивилни жртви и раселување на многу лица. Ги повикуваме сите страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право во сите околности. ЕУ повикува на итен прекин на огнот во Либан и сите страни да се обврзат и да работат на целосна имплементација на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН – додаде Борел.

    Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН е донесена во 2006 година со цел да се стави крај на тогашната војна во Либан и со неа се повикува на целосен прекин на непријателствата меѓу Израел и Хезболах, повлекување на израелските сили од Либан и нивна замена со либански војници и припадници на УНИФИЛ, како и разоружување на сите вооружените групи, вклучувајќи го и Хезболах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img