More

    Продолжува судењето за двете убиства

    spot_img

    Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска убиена минатиот ноември, и роднините на убиениот велешанец Панче Жежовски денеска ќе сведочат на судското рочиште за двете убиства.

    Откако беше објавено дека обвинетиот Боре Видевски, кој беше хоспитализиран на Клиниката за нефрологија поради проблеми со бубрезите, е вратен во затворот во Шутка, пред судот ќе се појават сведоците предложени од обвинителството. Ова следува по воведните зборови од обвинителството и обвинетите.

    Првите сведоци на списокот на Обвинителството се мајката на убиеното девојче и роднини на убиениот Жежовски, односно Зорица Ѓорчевска, Ана Киркова и Тодор Кирков.
    Мајката на почетокот на судењето преку својот адвокат поднесе барање судскиот процес да биде затворен за јавноста, поради дополнителни трауми за неа и за нејзината друга ќерка. Судот го одби ова барање, но нејзиното сведочење може да биде затворено за јавноста ако таа повторно побара, а Судот го прифати тоа.

    На претходното рочиште, сите петмина обвинети – Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Борче Видевски, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања – изјавија дека не се чувствуваат виновни.

    Мотивот, според обвинителството, бил користољубие – планирале да земат пари од мајката на Вања.

    Палевски и таткото го оспоруваат мотивот, тврдејќи дека дупките за жртвите биле ископани пред убиствата и дека не биле побарани никакви пари од мајката. Тие, исто така, тврдат дека не се познаваат меѓусебно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img