Кинеската војска денеска почна нови воени вежби во близина на Тајван, нагласувајќи дека тоа е предупредување против „сепаратистичките акции на силите за независност на Тајван“. Тие не прецизираа датум за завршување на маневрите, што предизвика остра реакција од Тајпеј.
Источната воена команда на Кина во соопштение рано утринава соопшти дека маневрите се одржуваат кај Тајванскиот теснец и областите северно, југ и источно од Тајван.
„Вежбата служи и како строго предупредување за сепаратистичките дејства на силите за независност на Тајван. Ова е легитимна и неопходна операција за обезбедување на државниот суверенитет и националното единство“, се вели во соопштението објавено на кинески и англиски јазик.
Командата објави мапа на која се прикажани девет области околу Тајван каде што се одржуваат вежбите.
Министерството за одбрана на Тајван остро го осуди кинескиот „ирационален и провокативен чин“.
Oсудa за кинеските воени вежби околу Тајван дојде и од САД од каде што се нагласува дека потегот е „неоправдан и ризикува ескалација“. Тие го го повикаа Пекинг да дејствува воздржано.
-САД се сериозно загрижени од заедничките воени вежби на Ослободителната народна армија во Тајванскиот теснец и околу Тајван – изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.