Мопреме Шакур, полубратот на убиениот рапер Тупак Шакур, го прекина молкот и конечно проговори по неодамнешното апсење на раперот Шон Диди Комбс. Имено, тој во емисијата на Пирс Морган зборуваше за наводната вмешаност на Диди во пукањето со автомобил во 1996 година во кое Тупак го загуби животот.
Мопреме рече дека не бил сигурен дали Диди бил искрен кога рекол дека не бил вмешан во убиството на хип-хоп иконата во 1996 година. Тој, исто така, се присетил н на средбата со Диди години по пукањето и рекол дека Комбс тогаш го уверувал во својата невиност:
– Диди всушност рече дека нема никаква врска со убиството на мојот брат – рекол Мопреме.
– Му реков: „Вистината допрва треба да излезе на виделина, па ќе видиме“. И еве сме, 27, 28 години подоцна, сè уште се сомневам во таа негова изјава – открил во емисијата полубратот на Тупак. На прашањето дали верува дека Диди лаже, Мопреме рекол: „Мошне е можно, така некако изгледа според моето мислење“.
Потсетуваме, семејството на починатиот рапер го ангажирало познатиот адвокат Алекс Спиро да ја истражи можната поврзаност меѓу убиството на Тупак и Диди.
Шакур беше убиен на 25-годишна возраст, а почина од повреди здобиени во пукање во септември 1996 година. Минатата година, речиси три децении по инцидентот, Дуан Киф Д Дејвис беше уапсен и осуден за убиство со смртоносно оружје. Тој тврди дека Диди платил 1 милион долари за убиството на Шакур.
Меѓутоа, во 2008 година Комбс негираше каква било поврзаност со убиството на Тупак, велејќи дека приказната е лажна и смешна.
– Ниту Ноториус Б. И. Г., ниту јас немавме никакви информации за нападот пред, за време или по неговото извршување – рекол тогаш Диди.
Покрај тоа што го поврзуваат со случајот со убиството на Тупак Шакур, Диди се соочува и со обвиненија за сексуален напад, силување, трговија со луѓе и криминални активности поврзани со проституција.
По апсењето, откриено е дека против него планираат да поднесат пријава 120 лица, од кои 25 лица биле малолетни во моментот на инцидентите за кои тужат, а едно лице имало девет години кога се случила наводната злоупотреба. За 24 часа излегоа дури 12.000 наводни жртви и сведоци. Диди ги негира сите обвинувања.