More

    (ВИДЕО) Хезболах го нападна Израел, четворица војници загинаа, 60 се ранети

    spot_img

    Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот дел на Израел, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) додадоа дека седум војници се тешко повредени во нападот на базата кај Бињамина град кој се наоѓа на околу 33 километри јужно од Хаифа.

     

    Тоа е еден од најкрвавите напади врз Израел од почетокот на војната во октомври минатата година.

    Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта бил камп за обука на бригадата Голан на израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа, лоцирана меѓу Тел Авив и Хаифа.

    Канцеларијата за медиуми на вооружената група соопшти дека нападот бил одговор на израелските напади во четвртокот во јужен Либан и Бејрут, во кои загинаа 22 лица, а беа ранети 117, соопшти либанското Министерство за здравство.

    Групата соопшти дека го нападнала кампот во северен Израел користејќи „рој дронови“.

    Во нападот се ранети околу 60 луѓе. Многу од повредените се пренесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во блиската Хадера, додека други се пренесени во болниците во Тел Хашомер, Хаифа, Афула и Нетања. Тие биле пренесени со возила на брза помош, а дел со хеликоптери.

    Неофицијалните извештаи велат дека местото било погодено од беспилотно летало лансирано од Либан – релативно несофистицирано оружје што се чини дека не ги активира системите за рано предупредување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img