More

    СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

    spot_img

    Скандалот во ЈДПД со поставувањето партиски кадри на Трајановски и ДПМНЕ се проширува.

    Веќе објавивме дека Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец.

    Иако бил фатен како ја злоупотребува службената положба за што има и изречена дисциплинска санкција. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот пари си ги земал за себе.

    Тој не ги исполнува условите да биде шеф на контролорите, единствена квалификација му е тоа што е “хард кор“ партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на ДПМНЕ во Велес, рече на прес-конференција, Менде Илиевски, советник во Советот на Општина Битола.

    Денеска откривме дека шефот на контрола продолжува со злоупотребите, не плаќа патарини.

    Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина.

    Еве слика од оваа снимка на којашто се гледа возилото кое го управува Митревски. Поради заштита на лични податоци нема во целост да ја објавиме.

    На 15.08.2024 во 08:47 часот непосредно од кога е назначен заедно со неговата сопруга Бети, присилно го тера вработениот на наплатна станица Отовица да го пропушти без да плати.

    Оваа е честа пракса на Митревски. Веднаш надлежните институции да преземат мерки и да установат колку пати Митревски направил вакви дела.

    Бидејќи овие податоци се јавно достапни, СДСМ ги провери на веб порталот од Системот за електронска контрола на патарините и тие се целосно потврдени.

    Еве дел и од изводите. Возилото со регистерски таблички кое го управува Митревски не платило патарина.

    Ова се само дел од изводите, со точен датум и време. Сите се оваа година, во различни месеци.

    Тој што треба да контролира наплата самиот не плаќа. Очигледно со амин на Коце Трајановски.

    Народот да плаќа, само партиските кадри на Мицкоски и Трајановски да не плаќаат патарина.

    Ова е недозволиво. Особено што луѓе кои работат на патарините беа приведени за 20 – 30 денари вишок пари.

    Очигледно законите не важат за партиските кадри на Мицкоски и Трајановски.

    Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата партија од минатото со ист начин на владеење како до 2016 година.

    Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Митрески а надлежните институции да преземат мерки за соодветна одговорност веднаш, побара Илиевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img