More

    СПЕЦИЈАЛЦИ ОД ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА ВО АЛПИНИСТИЧКА АКЦИЈА

    spot_img

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски рече дека му претставува чест што може да  види како специјалните единици го покажуваат својот квалитет.

    – Денеска имаме една убава активност, прекрасна алпинистичка вежба и бевме сведоци на тимска работа. Нашите специјални сили заеднички со една посебна синергија ги покажуваат, квалитетите, нивната професионалност. Мене најмногу ме радува тимската работа, заеднички се подобруваат, заеднички во секоја акција и секогаш први. Тие се навистина гордост на Македонија – рече Мисајловски.

    Тој нагласи дека овие специјални единици треба секој во државата да ги почитува, бидејќи секогаш, каде и да се случи несреќа или што и да се случува во рамки на безбедноста на државата, секогаш се први и секогаш дејствуваат.

    – Затоа сакам уште еднаш да им се заблагодарам од мое лично име, но и од името на граѓаните, затоа што нивната работа е навистина тешка. Секој ден се соочуваат со различни несреќи и предивици – додаде министерот.

    Тој рече дека ќе вложуваат максимално во нови вежби, бидејќи, како што нагласи, никогаш не треба да се штеди за овие вежби за овие специјални едниници.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се заблагодари на сите учесници во рамки на денешната акција.

    – Овие луѓе се душата на Македонија. Огромна благодарност до нив, огромна благодарност за сето она што го прават. Со ваква заедничка акција, а ќе ги има и во иднина, го зајакнуваме духот, ги зајакнуваме сите оние капацитети што треба да бидат зајакнати од аспект на физичка спремност, тактичка подготвеност и сето она што значи едно специјално делување на нашите најелитни единици – посочи Тошковски.

    На вежбата присуствуваа и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img