More

    АРГУМЕНТИ НАМЕСТО ДИКТАТ – МИЦКОСКИ ГО ПИШУВА ПИСМОТО ДО ЕУ Бара гаранции за успешни преговори

    spot_img

    Писмото до ЕУ е во подготовка, пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на прашање до каде е подготовката на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство и дали очекува поинаква опција или оптимизам од Унијата.

    – Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции. Ако не се смени преговарачката рамка тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни? Така јас не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред 4 месеци. Писмото е во подготовка. Утре патувам во Берлин, ќе има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари пред да го испратам писмото. Сакам уште малку повеќе да имам јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме – рече Мицкоски.

    Премиерот минатиот викенд најави дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение за преговорите за членство, кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси. Тогаш тој рече дека за овој процес е потребно разбирање од Унијата, од која очекува да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион. Македонија и граѓаните, рече тој, премногу дадоа и предолго се заложници на билатерални проблеми и барања, но бара сочувства и изговори, туку почит за македонскиот народ. Најави дека ќе испрати писмо до сите инволвирани во кое ќе ја потврдам својата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение.

    На прашањето дали унгарскиот премиер Виктор Орбан подготвува негова средба со бугарскиот претседател Румен Радев на 7 ноември на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта, Мицкоски денеска рече дека нема таква информација, но е подготвен да седне и да разговара.

    – Не мора да биде тоа Будимпешта, може каде било да седнеме да разговараме, да најдеме решение кое ќе биде на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговорите. Доколку дојде таква иницијатива од господинот Орбан на 7 ноември, подговен сум дури и порано, било кога, да седнам да разговарам, врз основа на аргументи, не на диктат. Диктати не прифаќам – рече Мицкоски.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img