Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера наводно објавил слика од украински војник кој носи костурска глава, наци-симбол на елитните СС-единици од Втората светска војна, како дел од објавите во кои ги чествува украинските бранители. Фотографијата предизвика скандал на социјалните мрежи, а брзо потоа беше избришана и од страната на украинското министерство за одбрана, јавува РусијаДенес.
Истовремено, фотографијата на својот таблет ја прикажа Дмитриј Полјански, заменик-шефот на руската мисија во Обединетите Нации во видео-гостување на британски „Скај Њуз“, а телевизијата морала да ја прекине програмата со напомена дека тие не можат да потврдат дали таква фотографија Зеленски навистина објавил. Рускиот дипломат бил бесен и остро ја критикувал сликата, чие објавување се совпадна со 9 мај, денот на Победата над фашизмот.
– Не ме прекинувајте, господине, ве молам. Дали знаете дека оваа дивизија „Тотенкопф“ е одговорна за убиството на 100 Британци во Франција на почетокот на Втората светска војна? – му рече Полјански на водителот.
– Значи ли ова дека сега Велика Британија ги покрива украинските власти, кои прикажуваат нацистички симболи за време на Денот на победата? И овие нацистички симболи ги користеа истите полкови што ги убиваа Британците. Зарем тоа не е малку чудно? – праша рускиот дипломат.
Запрашан дали се согласува дека руските трупи во Украина ги „омаловажуваат нивните дедовци кои се бореле против нацистите“ и дека нивните постапки го „отсликуваат фашизмот“, Полјански одговори дека таквото тврдење е „богохулно“. Тој додаде дека е „апсолутно катастрофално и бесрамно она што го прави Велика Британија во моментов, заборавајќи на сè за што се боревме“.
Полјански по емисијата се обрати на Телеграм.
„Толку од слободата на говорот на Запад… не им треба вистината! Отсега ќе размислуваат сто пати пред да поканат руски дипломати на емисија во живо!“
„Одговорот на домаќинот? Тој брзо го заврши разговорот, мрморејќи дека нашето време, како што се испостави, ненадејно истече и дека „Скај Њуз“ не може да ја потврди оваа информација“ , напиша дипломатот во понеделникот на Телеграм.
Користењето на наци-симболи е познато кај единицата „Азов“ во украинската војска, пешадиска формација која брои над 900 лица. Некои од нив беа заробени од руските сили, а официјална Москва потврди дека борците носеле нацистички тетоважи.