More

    Шефот на унгарската дипломатија најави договор со руски „Газпром“

    spot_img

    Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

    – Се разбира дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија – рече Сијарто на пленарната седница на Меѓународниот форум за гас, што се одржува до 11 октомври во Санкт Петербург.

    Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.

    Како што претходно објави унгарскиот портал XM, Сијарто изјавил дека Унгарија и руската државна гасна компанија „Гаспром“ денеска ќе потпишат договор за гас, што ќе им овозможи во целост да го користат гасоводот Турски тек.

    Русија во моментов го извезува својот природен гас во Европа преку две рути: гасовод изграден од Советскиот Сојуз што ја преминува Украина и гасоводот Турски тек до Турција што минува по дното на Црното Море.

    Договорот за транзит на гас на Русија со Украина истекува на крајот на годината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img