More

    Воведени се нови 9 револуционерни правила за унапредување на трговијата

    spot_img

    Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) усвои 9 нови договори за подобрување на трговијата, вработувањето и правата на потрошувачите во регионот кои се оценети како револуционерни и значајни за компаниите и граѓаните.

    Договорите носат новини и олеснувања во цариснките постапки, осигурувањето поштенските услуги туризмот и осигурувањето. Значајно е и тоа што се спречува гео-блокирање на трговијата меѓу земјите.

    Една од новините е дека компаниите со царински поволности на нивните домашни пазари ќе уживаат привилегии на сите седум ЦЕФТА пазари, што значи побрзи и поефикасни царински постапки, што води до значителни заштеди на време и трошоци.

    Олеснета е и е-трговијата, односно единствената рамка ќе им овозможи на бизнисите да продаваат онлајн без проблеми на сите пазари на ЦЕФТА, што ќе им олесни на потрошувачите да купуваат без ограничувања, а поставени се и стандарди за заштита на потрошувачите при купување преку Интернет.

    Новите правила, исто така, ја поедноставува испораката на пакети помеѓу страните на ЦЕФТА, подобрувајќи ја регулаторната контрола и воведувајќи стандарди на ЕУ за транспарентност на цените и квалитет на услугата.

    Неоправданото гео-блокирање исто така е спречено и овие правила осигуруваат дека онлајн продавниците не можат да го блокираат пристапот до веб-страниците, производите или услугите врз основа на локацијата и потеклото на потрошувачот, овозможувајќи неограничено купување низ пазарот на ЦЕФТА.

    Усогласените стандарди за IPR ќе ги заштитат и бизнисите и потрошувачите од фалсификувани стоки, поттикнувајќи ги иновациите и заштитувајќи го пазарот ЦЕФТА.

    Во соопштението се додава дека воспоставувањето електронски систем за управување со ризици, односно електронска размена на податоци, ќе ѝ овозможи на царината поефективно да ги таргетира пратките со висок ризик, со што ќе се подобри безбедноста на трговијата и ќе се забрза движењето на стоките.

    Олеснета е и трговијата со услугите на туристичките агенции и туроператорите, а туристичките агенции и туроператорите ќе имаат полесен пристап до сите пазари на ЦЕФТА, создавајќи нови можности за раст и привлекување повеќе туристи во регионот.

    Новиот механизам за решавање трговски спорови ќе гарантира правичност и транспарентност, зголемувајќи ја довербата на бизнисите во спроведувањето на правилата за олеснување на трговијата ЦЕФТА, додека поедноставените процеси на осигурување ќе им овозможат на патниците да возат низ ЦЕФТА без да се грижат за осигурувањето.

    Мешовитиот комитет на ЦЕФТА донесе три одлуки кои се насочени кон реформирање на внатрешните работи, а со овие реформи се воведуваат нови правила на однесување на Мешовитиот комитет, се ажурира Одлуката со која се регулира работата на Секретаријатот и се формираат нови тела за надзор на соработката во областите.

    Во ЦЕФТА членуваат: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, УНМИК во име на Република Косово и Црна Гора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img