More

    Премиерот му честиташе на поглаварот

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и му честиташе за радосната вест за одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија со која МПЦ-ОА се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

    Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на МПЦ, наследничка на древната Охридска архиепископија.

    Со оваа одлука на Вселенската патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви.

    Ковачевски посочи дека оваа историска одлука е донесена кога оваа генерација архијереи раководи со МПЦ-ОА и со православното свештенство, монаштво и со православниот народ и дека е донесена со интензивна комуникација со Вселенската патријаршија во последните 4 години, во која со свој придонес учествуваа и претставници на Владата на Северна Македонија.

    Во таа насока беше и писмото на премиерот Ковачевски на почетокот на неговиот мандат до патријархот на Цариградската патријаршија, неговата светост Вартоломеј, во кое тој уште еднаш повика МПЦ – ОА да биде примена во евхаристичко единство со Мајката Црква како решение на ова долгогодишно црковно прашање во нашата земја, се наведува во сооопштението од Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img