More

    Западнонилската треска ја зафати цела Грција – Вирусот уби 33 луѓе

    spot_img

    Од почетокот на сезоната, односно од јули, заклучно со вчера напладне, во Грција се регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, а починале 33 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

    Во изминатата седмица биле потврдени 3 нови случаи и се регистрирани 2 смртни случаја.

    Дополнително, во изминатиот период постојат и 4 увезени случаи, 3 од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.

    Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во речиси цела Грција, односно во 9 од вкупно 13 периферии, а потврдени случаи има во северниот, североисточниот, западниот и во централниот дел на земјата, во Епир и на Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

    Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

    Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица, вкупно 51.

    Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

    Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img