More

    Алфала Нур веќе пронашла помлад маж и излегла со него

    spot_img

    Нур Алфала и Ал Пачино добија син минатата година, а сега ставија крај на својот однос.

    Холивудскиот актер Ал Пачино (84) раскина со својата девојка Нур Алфала (30). Тие почнаа да се забавуваат во 2022 година, а во јуни минатата година го добија синот Роман. Пачино и тогаш беше недоверлив кон својата партнерка, бидејќи побара да се направи ДНК анализа за да се утврди дека тој е татко на детето. Очигледно, оваа врска полна со недоверба резултирала со раскинување, а младата Нур веќе е видена во друштво на друг маж.

    Деновиве многу се шпекулира за нивната врска, а Пачино неодамна ја разјасни целата ситуација. На прашањето на магазинот „Пипл“ дали моментално е во врска, холивудската ѕвезда едноставно одговори: „Не, јас сум само во пријателски однос“.

    – Ал и Нур се многу добри пријатели со години и се родители на нивниот син Роман – рекол тој, не сакајќи да ги потврди или негира гласините дека парот се разделил.

    Да потсетиме, вистинската збрка настанала во последните неколку дена кога младата Нур беше видена на вечера со Ал Пачино, а потоа и со американскиот комичар Бил Мари, кој е 10 години помлад од Пачино.

    Снимени се додека го напуштале хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес, а не се криеле од папараците кои ги опколиле. Тие заедно го напуштиле хотелот во автомобил управуван од Бил. Два дена пред нејзино излегување со Бил, Нур беше видена со Пачино, а парот посети ресторан во Западен Холивуд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img