МАЈКАТА И ДЕТЕТО ВО СЛАТИНО БИЛЕ ОТРУЕНИ Допрва ќе се утврдува причината за труењето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи (МВР) заедно со Основното јавно обвинителство Тетово презема мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде што вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

„Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство“, информира МВР.

МАЈКА И БЕБЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ, ТАТКОТО И СИНОТ ВО БОЛНИЦА Полицијата ќе го испрашува сопругот како дошло до трагедијата во тетовско Слатино

Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив.

„Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.

Share This Article