More

    Актерката Хали Бери сè уште не е подготвена да му прости на поранешниот сопруг Ерик Бенет

    spot_img

    Актерката Хали Бери сè уште не е подготвена да му прости на поранешниот сопруг Ерик Бенет, пишува „Пејџ сикс“.

    „Имав сопруг кој тврдеше дека е зависник од секс“, откри актерката во понеделникот за време на една епизода од подкастот „Armchair Expert“ на Дакс Шепард.

    Иако актерката не го спомна името на Ерик за време на интервјуто, познато е дека во 2002 година отишол на рехабилитација поради зависност од секс.

    Двојката се венчаше во 2001 година по две години врска, но се разделија во 2003 година.

    „Ерик и јас веќе некое време имаме брачни проблеми и се обидувавме да ги решиме работите заедно“, изјави тогаш Бери.

    „Сепак, во овој момент, чувствувам дека ни треба времето што ќе го поминеме одвоено за да ја преиспитаме нашата врска. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека минуваме низ ова емотивно време“, додаде таа.

    Во медиумите беше објавено дека Бенет ја изневерувал Бери за време на нивната врска поради неговата наводна зависност од секс.

    Но, Бенет, кој сега има 57 години, ги отфрли тие тврдења во интервју во 2004 година.

    „Јас не сум зависник од секс“, изјави тој за „Еј-би-си њуз“.

    „Јас сум човек кој низ низа емотивни настани, проблеми и предизвици направи навистина, навистина глупави и болни грешки“, рече тој.

    Инаку, Хали Бери минатата година се разведе од актерот Оливие Мартинез.

    Тие беа во брак од 2013 до 2015 година, кога објавија дека се разделуваат, но официјално се разведоа дури во август минатата година.

    Поранешниот пар се запозна на снимањето на „Dark Tide“ во 2010 година. Се свршија две години по средбата, а три месеци по венчавката се роди нивниот син.

    Освен Мејс, актерката ја има и ќерката Нала со канадско-францускиот модел Габриел Обри. Бери сега е во врска со музичарот Ван Хант.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img