More

    Само 7 вработени во ПИОМ Битола, директорот Мемов ќе ги носи предметите во Тетово и во Гостивар

    spot_img

    Ситуацијата со решавањето на предметите во филијалата на Фондот за пензиско осигурување во Битола е алармантна, но ќе биде решена, а осигурениците ќе си ги остварат своите права во најкус рок, рече денеска директорот на ПИОМ Никола Мемов.

    Во битолската филијала според систематизацијата на работни места треба да има 27 вработени, а работат само седум. На средбата вработените го информираа Мемов дека  е голем бројот на нерешени предмети,  дури 380, кои заостанати од јули годинава.

    Мемов информира дека за да се реши ситуацијата, дел од предметите ќе бидат распределени во филијалите во Тетово, Гостивар и во Куманово, каде пополнетоста на работните места е над 90 проценти.

    Мемов, исто така, најави прераспределување на задачите на вработените во филијалата Битола, за што ќе добијат решенија во најкус рок.

    – Корисниците на услугите треба да бидат спокојни затоа што Фондот за пензиското и инвалидското осигурување ќе ги извршува сите функции заради кои е основан. Ќе нема застој во исплатата на пензиите – рече Мемов.

    Тој потенцира дека во изминатите две децении е направен функционален дисбаланс со вработувањата во филијалите на Фондот и тој се уништувал како институција.

    – Најмногу вработени има во Тетово – 51, Гостивар – 21 и во Куманово – 35, додека во Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Велес има далеку помал број на вработени од предвидениот согласно систематизацијата на работните места, односно помеѓу пет и седум вработени. Ситуацијата во Битола е алармантна, но ќе преземеме мерки со кои ќе овозможиме надминување на проблемот во најкус рок. Итно ќе се бара согласност од Министерството за финансии за договори на дело, со кои ќе се вработат лица во филијалата во Битола, за нормализирање на функционирањето, за што Фондот има средства. Второ, заостанатите предмети ќе бидат под итно распределени во филијалите во Тетово, Гостивар и Куманово, а ако треба и во Кичево за да бидат решени во најкус рок – рече Мемов.

    Ако имаме нерамномерност со вработувањата по филијалите, додаде тој, можеме да направиме рамномерен распоред на предметите.

    Мемов додаде дека од наредната година ќе може и трајно да се реши проблемот со вработување на потребниот кадар, бидејќи сега на сила е Одлуката на Владата за замрзнување на вработувањата и унапредувањата во администрацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img