По апсењето на музичкиот магнат Шон Диди Комбс, кој е обвинет за силување, трговија со луѓе и водење криминална организација, старите снимки од раперот и славните личности добиваат сосема ново значење.
На социјалните мрежи сега кружи снимка од доделувањето на наградите Златен глобус во 2014 година во која Боно го одбива бакнежот на Диди. Диди, Ашер и Кејт Бекинсејл на сцената му ја доделиле наградата на бендот „У2“ за најдобра оригинална песна, „Ordinary Love“ од филмот „Mandela: Long Walk to Freedom“.
Боно изгледал среќно додека Ашер му ја давал наградата, а Диди влетал помеѓу нив и го прегрнал честитајќи му. Боно кратко го прегрнал Комбс, но потоа ја свртел главата кон публиката, додека раперот се обидувал да го бакне во образ. Насмевката на Диди исчезнала од неговото лице, а потоа заминал од сцената со Кејт Бекинсејл. И покрај непријатната интеракција, Диди и Боно беа видени како се дружат на афтер забавата подоцна истата вечер.
„Дали се обиде да го бакне Боно и тој одби, незгодно“, „Тој момент беше дефинитивно незгоден – познатите личности ги имаат некои од најнеочекуваните средби“, „Што знаеше Боно? и „Боно изгледа вели: Тргни се од мене старче“, се дел од коментарите на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.
Да потсетиме, раперот Пи Диди беше уапсен од федерални агенти во Њујорк и обвинет по три точки, во кои се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и да користат дрога користејќи закани и насилство. Диди е во истражен притвор, а судијата трипати го одби да биде пуштен на слобода со кауција.
Против него планираат да поднесат тужба 120 лица, од кои 25 лица биле малолетни во моментот на инцидентите кои ги предизвикуваат тужбите. Едно лице имало девет години кога се случило наводната злоупотреба. Вкупно 3.280 лица кои тврдат дека раперот ги малтретирал, контактирале со адвокатот кој ќе ги застапува тие лица.
За 24 часа се појавија дури 12.000 наводни жртви и сведоци.
Диди негира сè.