More

    Милтон јуриша кон Флорида, Кирк ја демне Европа

    spot_img

    Метеорологот Џон Моралес се расплака додека зборуваше за ураганот Милтон на американската телевизија Ен-Би-Си. Иако беше класифициран како тропска бура Милтон брз зајакна и сега има јачина од пет, што го прави трет во историјата по јачина во Атлантскиот Океан.

    – Тоа е само неверојатен, неверојатен, неверојатен ураган. Жал ми е, ова е само страшно – рече тој низ солзи.

    Милтон се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив и кон Флорида во јужен САД, а веќе се пријавени ветрови со брзина со 250 километри на час. Жителите на Заливот Тампа во Флорида цел век не имале ураган, а сега можат да се соочат со бура висока од 3 до 4,5 метри која ќе дојде од југ и од запад.

     

     

    Тие уште не се опоравиле од бурата Хелена, а ќе имаат помалку од 24 часа да се евакуираат од Милтон. Властите изразија загриженост за сообраќајниот метеж и долгите колони на бензинските пумпи. Сепак, тие ги повикаа луѓето сериозно да ја сфатат опасноста од Милтон.

    Се очекува Милтон да влезе на копното во среда вечер или рано наутро во четврток, според Националниот центар за урагани на САД.

    – Не постои друг начин да се каже ова. Во текот на следните неколку дена, заливот Тампа ќе се соочи со својот најголем ураган во последните 100 години, изјави директорката за управување со вонредни состојби во округот Пинелас, Кети Перкинс на прес-конференција.

    Милтон е најсилната бура која се случи на планетата досега оваа година. Но, додека Милтон е закана за Северна Америка, Европа трепери пред новото невреме Кирк.

    Кирк се движи кон Европа, а во средината на Атлантикот бурата ќе достигне категорија четири со максимална брзина на ветер од 230 км/ч. Како што Кирк се движи кон Европа, оставајќи топли мориња во пресрет, се очекува до понеделник невремето да ослаби до категорија 1.

    Во следните неколку дена, ураганот Кирк ќе претрпи екстратропска транзиција, што значи дека веќе нема да биде ураган додека да стигне до брегот на Западна Европа во вторник или среда.

    Се прогнозира дека Кирк ќе ја погоди северна Европа, а најсилните ветрови и најсилните врнежи се очекуваат да ги погодат Франција, Белгија, Холандија и северна Германија. Обилните врнежи би можеле да ги погодат и најјужните делови на Велика Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img