Арбитражната комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција им ја одзеде лиценцата на Елиф Караарслан (24) и Орхан Ердемир (61) поради несреќата што се случи пред неколку дена.
Судијата и поранешен интернационалец, сега делегат, се најде во центарот на вниманието кога на социјалните мрежи се појави експлицитно видео.
На видеото двајцата наводно се во љубовен занес во службените простории.
Елиф негираше дека е на снимката, но тоа не и помогна пред Арбитражната комисија.
Фудбалскиот сојуз се уште ги разработува деталите за случајот.
Елиф поради повреда предвреме мораше да ја заврши фудбалската кариера која ја започна во Бешикташ, но не сакаше да се откаже од фудбалот и е фудбалски судија од 2020 година.
Ердемир е искусен интернационалец кој својата судиска кариера ја заврши во 2004 година и оттогаш е делегат.