More

    Мицкоски редовно ќе ја информира опозицијата за сите детали во процесот на решавање на проблемот со Бугарија

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на СДСМ Венко Филипче за информирање на планот за надминување на проблемот со Бугарија, истакна дека кога ќе има нови детали опозицијата ќе биде информирана и дека оваа Влада нема да ја повтори грешката на СДСМ кога беше на власт и сама го тераше процесот без да информира и без да се консултира со опозицијата.

    – Не ја повторуваме истата грешка и нема да ја повториме. Кога ќе има нешто за кое би требало да биде информирана опозицијата, тогаш верувајте веднаш ќе ја информираме. Односно да има напредок за да може да го споделиме со опозицијата. Во моментов сѐ е на позиционирање и поставување на играта и нема поместување – рече Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски потенцираше дека ова што го зборува јавно би им го кажал и на нив, а разликата од тоа кога СДСМ беше на власт е суштински различна.

    – Пред да се прифати т.н. француски предлог ние имавме два месеци прес конференција во која повикавме на вклучување на опозицијата, затоа што имавме информации дека се случува тоа и тоа. Повикавме немојте, ќе направите грешка, тие рекоа дека не ги интересира, сами ќе си го тераме процесот. И видовме до каде го дотераа. Првиот момент кога ќе има поместување ќе ги информираме, лично ќе го повикам Венко Филипче и ќе повикам и лидерска средба со сите други и ќе ги запознам со напредокот или со можното решение – изјави Мицкоски.

    Мицкоски нагласи дека додека е премиер никогаш нема да влезе во процес клучен за државата и иднината на граѓаните во кој опозицијата и другите политички партии нема да бидат запознаени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img