Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген се случила уште една експлозија
Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и 5 дена откако беа активирани 2 експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.
- НЕКОЈ ПУКАШЕ ВО ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО СТОКХОЛМ Инцидентот е нарачка на Иран?
- ЕКСПЛОЗИИ ВО БЛИЗИНА НА ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО КОПЕНХАГЕН Нема повредени, полицијата испитува дали се поврзани со амбасадата
- ПУКАЊЕ ПРЕД ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО МИНХЕН Напаѓачот е убиен
– Се разбира, разгледуваме дали би можело да биде поврзано со претходниот инцидент во Израелската амбасада. Нема индикации дека тоа е така – изјави полициската инспекторка Трине Молер.
Шведската разузнавачка агенција „Сапо“ соопшти дека можеби Иран бил вмешан во експлозиите на 2 октомври во Данска, како и во пукотницата во близина на Израелската амбасада во Стокхолм еден ден претходно.