Во подготвителниот меч Лејкерси загубија од Феникс Санс со 118:114, а членовите на семејството Џејмс официјално дебитираа и испишаа историја, бидејќи првпат од постоењето на НБА, татко и син се најдоа заедно на теренот.
Таткото Леброн за 16 минути постигна 19 поени, со пет скока и четири загубени топки, додека синот Брони доби 13 минути, но немаше позитивно влијание.
Промаши еден шут од поле и еден за три, а имаше две блокади и четири загубени топки, исто како и неговиот татко.
Леброн се подготвува за својата 22-ра сезона во НБА лигата, а лани на 71 натпревар имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока.
Во декември ќе наполни 40 години и ќе биде најстариот играч во лигата.
Брони со Лејкерси потпиша четиригодишен договор вреден 7,9 милиони долари, а 55-от пик од овогодинешниот драфт дебитираше со својот татко на неговиот 20-ти роденден.