More

    Земјава ќе земе пари за проект за модернизација на управувањето со води

    spot_img

    Европските комесари Оливер Вархеји и Јута Урпилаинен заедно со претседателот на Европската Инвестициска Банка (ЕИБ) утрово официјално го потпишаа Гаранцискиот договор со кој треба да се овозможи зголемување на клучни инвестиции во трети земји, вклучително и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Еврокомесарот за проширување, Вархеји, истакна дека со овој договор највеќе ќе имаат бенефит земјите од Западен Балкан и од источното соседство.

    Со овој договор, како што рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе се донесат важни инфраструктурни проекти преку поттикнување на финансиските институции, што треба да донесе повеќе инвестиции, „какви што не сме виделе претходно“.

    Целта е да се помогне на третите земји да се соочат со последиците од ковид-19 и од војната во Украина, а најголем фокус се става на инфраструктурни проекти како транспорт, железници, дигитализација, зелена економија, итн.

    За Северна Македонија се работи за проект за модернизација на управувањето со води, со кој се засегнати 80 општини.

    – Само овој проект ќе има огромен импакт врз јавното здравје и животната средина во Северна Македонија- рече Вархеји утрово.

    За Европската Комисија овој договор ќе биде клучен за отворање работни места и поттикнување на економскиот раст.

    Украина треба исто така да добие голем бенефит од проектите под овој нов договор.

    -Овие инвестиции со нетрпение ги очекуваат нашите партнери за да ги поддржиме во овие најтешки времиња – рече Вархеји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img