Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, но не кажа повеќе детали.
Според него, борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.
– Работиме интензивно на тоа. Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси. Со проширување на централното греење на ниво на градот и во урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги преземаме, полека но сигирно ќе го решиме тој проблем. За проблемот со загадувањето не постои само една мерка – рече Меџити.
На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, говорејќи за тоа што е остварено и што се планира за загадувањето во пресрет на студените денови, Меџити рече дека еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работат со партнери кои даваат грантови, помош, искуства и знаења.