Десетици спасувачи од други земји денеска се во најпогодените подрачја во Босна кои беа збришани од катастрофалните поплави. Тимот на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) од вчера е на терен во потрага по исчезнатите, чиј број се проценува на 15.
„Многумина останаа без сѐ, без куќи и без своите најблиски. Пуштена е во функција целосна механизација. Она што ја отежнува потрагата е дождот. Повторно врне, но во помала мера од вчера.
Единствената добра вест што утрово ја слушнавме од Долна Јабланица е дека момчето кое пожарникарите го извлекле од урнатините и го пренеле во Мостар е живо и здраво.
Покрај него сѐ уште се трага по најмалку 15 лица. Најголем број починати и исчезнати лица има токму во Долна Јабланица. Најмалку 17 загинати, а потрагата по исчезнатите трае со денови, објави ХГСС на својот профил на Фејсбук.