More

    На повидок нова пирамидална измама?

    spot_img

    „Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е ‘гледај за да заработиш’, со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери и со тоа го менуваат традиционалниот начин на промоција на филмовите“, пишува Мета.

    Доколку го отворите вашиот телефон и ја пребарате апликацијата „Конти“ (Conti), ќе ви се појави вакво објаснување за тоа што значи оваа апликација и како работи истата. Но, вистината е дека парите доаѓаат од новите членови а завршуваат кај оние што се на врвот на пирамидата, односно што влегле во „шемата“ порано.

    По користењето на оваа апликација, некој излегува побогат, а некој за стотици, па дури и илјадници евра посиромашен. Некој се навлекува во пирамидалната шема и вложува сè што има со сиот ризик, некој клика внимателно. Во секој случај, влогот е преголем, особено за жителите на Кавадарци, Радовиш и на Велес, кои со месеци наназад се навлечени на оваа пирамидална шема, која функционира со плаќање во криптовалути – нешто што во земјава не е нелегално, но не е ниту регулирано.

    „Апликацијата „Конти“ функционира речиси една година. Но, сето тоа е јавна тајна, бидејќи очигледно, додека се заработува се молчи. Сè до вчера, кога групата на социјалната платформа „Телеграм“ полека почнува да згаснува, а корисниците веќе немаат приливи на „Бајненс“ (Binance) – платформа за тргување со криптовалути. Дел од нив, околу 14.000 македонски членови во групата на Телеграм од вчера се со салдо нула, дел од нив имаат заработка од илјадници евра, но дел, иако зеле брзи кредити за брза заработка преку оваа апликација, ја вложувале сета своја плата или пензија – останале посиромашни за илјадници евра“, објави Мета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img